Јован 8:45-49 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

45. А мене не Ми верувате, зашто Јас ја кажувам вистината.

46. Кој од вас може да Ме обвини за грев? Ако, пак, ја зборувам вистината, тогаш зошто не Ми верувате?

47. Оној што е од Бога, ги слуша Божјите зборови, а вие не сте од Бога и затоа не сакате да слушате.“

48. Еврејските верски водачи Му рекоа на Исуса: „Зар не сме во право кога велиме дека Ти си Самарјанец и дека си обземен од демон!?“

49. Исус им одговори: „Јас немам демон во Себе, зашто Го почитувам Мојот небесен Татко, а вие Ме срамотите.

Јован 8