Јован 7:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

8. Одете вие на празникот. За Мене се уште не е погоден моментот да тргнам на овој празник во Ерусалим.“

9. Тој го рече тоа, и остана во Галилеја.

10. А кога Неговите браќа заминаа на празникот, тогаш и Исус се искачи во Ерусалим, но не јавно, туку скришно.

11. Еврејските верски водачи, пак, Го бараа за време на празникот и прашуваа: „Каде е Тој?“

12. Во толпата народ многу се шепотеше за Исус. Едни велеа дека е добар, а други велеа: „Тој го мами народот!“

13. Но, никој не зборуваше јавно за Него, поради страв од еврејските верски водачи.

Јован 7