Јован 7:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По ова, Исус се движеше во границите на Галилеја. Тој повеќе не сакаше да се задржува во Јудеја, затоа што еврејските верски водачи сакаа да Го убијат.

2. Наближуваше еврејскиот празник Сеници.

3. Неговите браќа Му рекоа: „Оди во Јудеја, за да можат Твоите следбеници да ги видат делата што ги вршиш!

4. Никој не дејствува во тајност, ако сака да стане познат. Штом ги правиш овие чуда, тогаш објави му се на светот!“

5. (Зашто, ни Неговите браќа не веруваа во Него.)

6. Исус им одговори: „Се уште не е дојден вистинскиот момент за Мене, а за вас секое време е погодно.

Јован 7