Јован 6:68-71 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

68. Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот!

69. Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“

70. Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“

71. Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.

Јован 6