67. Тогаш Исус им рече на Дванаесеттемина: „Ако сакате, можете и вие да си заминете“.
68. Симон Петар Му одговори: „Господе, кај кого да одиме? Твоите зборови носат вечен живот!
69. Ние веруваме во Твоите зборови и знаеме дека Ти си Светецот, Кој ни дојде од Бога.“
70. Исус, пак, им одговори: Нели Јас ве избрав вас дванаесеттемина? Па сепак, еден од вас е ѓавол.“
71. Тоа го рече за Јуда, синот на Симон Искариот, еден од дванаесеттемина, кој имаше намера да Го предаде.