Јован 6:20-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

20. А Тој им рече: „Јас сум! Не плашете се!“

21. Тогаш тие се осмелија да Го примат во бротчето и бротчето веднаш се најде на оној дел од брегот каде што се беа упатиле!

22. Следниот ден, многубројниот народ што остана од другата страна на езерото, забележа дека таму имаше само едно бротче, а знаеја дека Исус не влезе во него со учениците, туку тие заминаа без Него.

23. Потоа пристигнаа од Тиберија и други бротчиња и пристанаа близу до местото каде што беа јале од лебот, што Господ го благослови.

Јован 6