Јован 4:13-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Исус и одговори: „Секој што пие од оваа вода одново ќе ожедни.

14. А оној што пие од водата што Јас ќе му ја дадам никогаш нема да ожедни. Водата што Јас ќе му ја дадам ќе стане во него извор на животодавна вода и ќе му донесе вечен живот.“

15. „Господине“ - му рече жената - „дај ми ја таа вода за повеќе да не ожеднувам, ниту пак да доаѓам овде да црпам вода!“

16. „Оди, викни го мажот ти, па дојдете овде!“ - и рече Тој.

17. „Немам маж“ - Му одговори таа. Исус и рече: „Во право си кога велиш ,Немам маж‘,

18. зашто пет мажи си имала досега, а и овој што сега го имаш не ти е законски маж! Вистина е тоа што го рече.“

19. Жената Му рече: „Господине, гледам дека си пророк!

20. Кажи ми, зошто вие Евреите велите дека Ерусалим е единственото место каде што треба да му се поклонуваме на Бог, додека ние Самарјанците сметаме дека тоа е гората Геризим, каде што се поклонуваа и нашите предци?“

21. Исус и рече: „Верувај ми, жено, дека доаѓа време кога нема да биде важно дали Му се поклонувате на небесниот Татко во Ерусалим или на оваа гора.

Јован 4