Јован 3:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Исус му одговори: „Ти велам и ти нагласувам: ако човек не се роди од вода и Дух, не може да влезе во Божјото царство!

6. Телото може да роди само тело, додека Светиот Дух раѓа нов, духовен живот, од небото.

7. Не чуди се што ти реков: ,Морате наново да се родите!‘

8. Ветрот дува каде што сака. Звукот му го слушаш, но не знаеш од каде доаѓа и каде оди. Така е со секој што е роден од Духот.“

9. „Како може тоа да биде!?“ - праша Никодим.

10. Исус му рече: „Како можеш да му бидеш учител на израелскиот народ, а да не го знаеш тоа!?

Јован 3