Јован 3:33-36 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

33. Оној што го прифаќа Неговото сведоштво потврдува дека Бог е вистинит.

34. Зашто, Оној Кого Бог Го прати ги зборува Божјите зборови, затоа што Бог му дава Дух без мера.

35. Таткото Го сака Својот Син и Му предал се во Неговите раце.

36. Оној што верува во Синот има вечен живот; оној, пак, што му е непослушен на Синот, не ќе види живот, туку останува под Божјата казна!

Јован 3