23. Јован исто така крштаваше во Енон, близу до Шалем, зашто таму имаше многу вода. Луѓето доаѓаа и беа крштавани.
24. Тоа беше пред Јован да биде фрлен в затвор.
25. Тогаш се разви една расправа меѓу Јовановите ученици и еден Евреин околу обредното миење.
26. Тие дојдоа кај Јован и му рекоа: „Раби, Оној Човек што беше со тебе од другата страна на реката Јордан за Кого ти посведочи дека е Месијата - ете, Тој крштава и сите одат кај Него!“
27. Јован им одговори: „Човек не може да врши никаква мисија, ако не му е дадено од небото.
28. Вие самите сте ми сведоци дека реков оти јас не сум Месијата, туку дека сум испратен како Негова претходница.
29. Невестата ќе оди таму каде што е Mладоженецот, а пријателот на Mладоженецот, кој стои и слуша, од се срце се радува што го слуша гласот на Mладоженецот. Мојата радост на тој начин се исполни.