Јован 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Меѓу фарисеите имаше еден човек по име Никодим, кој беше еврејски верски старешина.

2. Тој дојде кај Исус ноќе и му рече: „Раби, знаеме дека Ти си учител дојден од Бог, зашто овие чуда што Ти ги правиш никој не може да ги прави, ако Бог не е со него!“

3. Исус му одговори: „Најсериозно ти велам: ако човек наново не се роди, не може да го види Божјото царство!“

Јован 3