Јован 21:9-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

9. Кога излегоа на копното, видоа леб и риба, ставена на разгорен јаглен.

10. Исус им рече: „Донесете од рибите што пред малку ги уловивте!“

11. Симон Петар се качи на бротчето и ја извлече мрежата на брегот. Во неа имаше сто педесет и три големи риби. Иако беше полна со големи риби, мрежата сепак не се скина.

12. „Дојдете, јадете!“ - им рече Исус. А никој од учениците не се осмели да Го праша: „Дали си навистина Ти, Господе?“, зашто знаеја дека Тој е нивниот Господ.

13. Исус зеде од лебот и им раздаде, а истото го направи и со рибите.

14. Ова беше веќе третпат како Исус им се појави на Своите ученици откако воскресна од мртвите.

Јован 21