Јован 18:32-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

32. Така започна да се исполнува она што го рече Исус за начинот на кој Тој ќе умре.

33. Тогаш Пилат се врати во палатата, Го повика Исуса, и Го праша: „Ти ли си царот на Евреите?“

34. Исус одговори: „Од тебе ли потекнува ова прашање, или други ти кажувале за Мене?“

35. „Зар сум јас Евреин?“ - одговори Пилат. „Твојот народ и свештеничките поглавари Те предадоа кај мене. Што си сторил?“

Јован 18