Јован 17:12-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

12. Додека бев со нив, Јас ги чував преку силата на Твоето име што Ти ми го даде, и ги зачував. Никој од нив не се загуби, освен синот на пеколот, за да се потврди претскажаното во Светото Писмо.

13. А сега, Јас се враќам кај Тебе и овие работи ги кажувам додека сум се уште во светот, за Моите следбеници да ја имаат во себе истата, целосна радост, што ја имам Јас.

14. Јас им ја предадов Твојата порака, но светот ги замрази, зашто тие не му припаѓаат на светот, исто како што ни Јас не му припаѓам на светот.

15. Татко! Не Те молам Моите следбеници да ги земеш од светот, туку да ги чуваш од Злиот.

Јован 17