Јован 16:4-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Ова ви го кажувам сега, та кога ќе дојде времето тоа да се исполни, да се сетите на ова што ви го кажав. На почетокот не ви зборував за ова, бидејќи бев со вас.“

5. „А сега заминувам кај Оној што Ме испрати, па сепак, никој од вас не Ме прашува: ?Каде заминуваш?‘

6. Кога ви го кажав сето ова, срцата ви се исполнија со тага.

7. Но јас ви ја кажувам вистината: во ваша полза е Јас да заминам, зашто додека не заминам, Помошникот, Светиот Дух, нема да дојде кај вас. А штом Јас ќе заминам, ќе ви Го испратам.

Јован 16