6. Ова не го рече од грижа за сиромасите, туку затоа што беше крадец. Имено, тој беше благајник и си земаше од парите што беа кај него.
7. „Оставете ја!“ - одговори Исус на тоа. „Парфемот бил чуван за да послужи за Мојот погреб.
8. Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, а Мене Ме немате секогаш.“
9. Во меѓувреме голем број Евреи дознаа дека Исус е таму, па дојдоа, не само заради Него, туку и да го видат Лазара, кого Тој го оживе од мртвите.
10. Тогаш свештеничките поглавари решија да го убијат и Лазара,
11. бидејќи заради него голем број Евреи ги напуштаа свештениците и почнуваа да веруваат во Исус.