3. Тогаш Марија зеде половина литар чист и скапоцен нардов парфем, Му ги полеа стапалата на Исус и Му ги избриша со својата коса. По куќата се рашири пријатниот мирис на парфемот.
4. Еден од Исусовите ученици, Јуда Искариот, (кој подоцна Го предаде) рече:
5. „Овој парфем можеше да се продаде за триста денарии, а парите да им се разделат на сиромасите!“
6. Ова не го рече од грижа за сиромасите, туку затоа што беше крадец. Имено, тој беше благајник и си земаше од парите што беа кај него.
7. „Оставете ја!“ - одговори Исус на тоа. „Парфемот бил чуван за да послужи за Мојот погреб.
8. Сиромаси секогаш ќе има меѓу вас, а Мене Ме немате секогаш.“
9. Во меѓувреме голем број Евреи дознаа дека Исус е таму, па дојдоа, не само заради Него, туку и да го видат Лазара, кого Тој го оживе од мртвите.