Јован 11:55-57 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

55. Наближуваше еврејскиот празник Пасха. Голем број луѓе од внатрешноста се искачија во Ерусалим пред Пасха, за да го извршат церемонијалното исчистување.

56. Тие го бараа Исуса и собрани во храмот си зборуваа меѓу себе: „Што мислите, дали Тој ќе се осмели да дојде на празникот?“

57. Свештеничките поглавари и фарисеите издадоа заповед, ако некој дознае каде е Исус - веднаш да им јави, за да Го уапсат.

Јован 11