Јован 11:17-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Кога Исус пристигна во Бетанија, Му кажаа дека Лазар е веќе четврт ден во гробот.

18. Бетанија беше близу до Ерусалим, на оддалеченост од околу три километри.

19. Многу сонародници на Марта и Марија беа кај нив, за да ги утешуваат по повод смртта на нивниот брат.

20. Кога Марта дозна дека Исус доаѓа, таа Му појде во пресрет, а Марија остана дома.

21. Марта Му рече на Исус: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!

22. Но, знам дека Бог ќе Ти даде и сега, се што ќе посакаш од Него!“

Јован 11