4. Кога ќе ги изведе сите Свои овци, Тој оди пред нив, а Неговите овци Го следат, бидејќи Му го познаваат гласот.
5. Тие никогаш нема да следат туѓинец, туку ќе бегаат од него, бидејќи не му го познаваат гласот.“
6. Исус им ја кажа оваа алегорична приказна, но тие не разбраа што сакаше да им каже.
7. Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците.
8. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа.