35. Ако Бог ги нарече богови оние на кои им беше дадена Божјата порака (а знаеме дека тоа што го вели Светото Писмо е секогаш точно),
36. како, тогаш, вие велите за Оној што Таткото Го освети и испрати во светот, дека хули на Бога, затоа што рекол ,Јас сум Божјиот Син‘?
37. Ако Јас не го правам истото она што го прави и Мојот небесен Татко, тогаш немојте да Ми верувате.
38. Но, ако го правам истото, тогаш, дури и да не Ми верувате Мене, верувајте им на делата, за да сфатите еднаш засекогаш дека Таткото е во Мене и Јас сум во Таткото!“
39. Тогаш тие уште еднаш се обидоа да Го уапсат, но Тој им се истргна од рацете и си замина.