Јован 10:23-28 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

23. Исус се шеташе во храмот, под Соломоновиот трем.

24. Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“

25. Исус им одговори: „Јас ви кажав, но вие не верувате. Делата, што ги вршам во името на Мојот небесен Татко, покажуваат кој сум Јас.

26. И покрај тоа, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци.

27. Моите овци го познаваат Мојот глас. Јас ги познавам, а тие Ме следат.

28. Јас им давам вечен живот и тие никогаш нема да згинат. Никој не може да ги грабне од Мојата рака.

Јован 10