Јован 1:42-45 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

42. Потоа Андреј го одведе својот брат кај Исус. Исус го впери Својот поглед во него и му рече: „Симоне, сине Јованов, ти ќе се викаш Кефа“ (Тој арамејски збор на грчки може да се преведе како: Петар).

43. Следниот ден Исус реши да замине во Галилеја. Таму го најде Филипа и му рече: „Дојди и биди Мој следбеник!“

44. Филип беше од Бетцаида, од каде што беа Андреј и Петар.

45. Филип го побара Натанаел и му рече: “Го најдовме Оној Кого Мојсеј Го навести во Божјиот Закон и Кого пророците Го претскажаа. Тоа е Исус, синот на Јосиф од Назарет.“

Јован 1