Јован 1:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Јован им одговори: „Јас крштавам во вода, а меѓу вас има Еден, Кого вие не Го познавате.

27. Иако јас дојдов пред Него, сепак не сум достоен ни сандалите да Му ги одврзам!“

28. Ова се случи во селото Бетанија, од источната страна на реката Јордан, каде што Јован крштаваше.

29. Утредента, Јован Го виде Исуса како доаѓа кај него, па рече: „Еве го Божјото Јагне Кое го отстранува гревот на светот!

Јован 1