Јаков 4:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Од каде произлегуваат судирите и кавгите меѓу вас? Зарем не произлегуваат од вашите необуздани страсти што постојано војуваат во вашите тела?

2. Го посакувате тоа што го немате и ќе направите се за да го добиете! Подготвени сте дури и да убиете! Ќе пукнете од завист. Се карате, се расправате и пак не го добивате, бидејќи не го барате од Бог.

3. А и кога барате - не добивате, бидејќи барате со грешни мотиви, за да ги задоволите вашите необуздани страсти.

Јаков 4