Галатјаните 4:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Тие лажни учители ве опсипуваат со внимание, но нивните побуди не се добронамерни! Сакаат да ве одвојат од мене и да ве придобијат за себе.

18. Треба постојано да бидете ревносни за доброто, а не само додека сум јас кај вас.

19. Деца мои, повторно минувам низ породилни болки заради вас, и тоа ќе трае се додека да се создаде Христова природа во вас.

20. Колку би сакал токму сега да сум со вас и да ви се обратам со поинаков тон, зашто вашата состојба навистина ме збунува!

21. Слушнете ме сега вие што сакате да се придржувате кон Мојсеевиот Закон: Знаете ли што, всушност, кажува тој Закон?

Галатјаните 4