Филипјаните 4:19-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

19. Со сето Негово огромно богатство, преку Исус Христос, мојот Бог изобилно ќе ја задоволи секоја ваша потреба.

20. На нашиот Бог и Татко слава нека Му е довека! Амин.

21. Поздравете ги сите што искрено веруваат во Исус Христос. Тие се свети луѓе. Ве поздравуваат и браќата што се со мене.

22. Ве поздравуваат сите христијани, а посебно оние што работат во дворецот на императорот.

23. Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет и нека биде со вас.

Филипјаните 4