Евреите 9:17-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

17. Се додека е живо лицето што го остава тестаментот, тој не може да се користи. Тестаментот стапува на сила дури откако ќе умре оној што го остава.

18. Затоа и првиот Завет беше воспоставен со употреба на крв како доказ за смрт.

19. Откако Мојсеј им ги пренесе на луѓето сите Божји закони, зеде крв од бикови и јарци, ја помеша со вода, па ги попрска книгата на Божјите закони и сите луѓе, употребувајќи гранче од исоп и црвена волна.

20. Потоа им рече: „Оваа крв го потврдува заветот што Бог го склучи со вас“.

21. Потоа Мојсеј ги попрска со крв и Светилиштето и сите предмети што се употребуваа за богослужба.

Евреите 9