Евреите 7:18-22 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

18. Со тоа се укинува старото правило за свештенството, бидејќи беше слабо и бескорисно,

19. зашто Мојсеевиот Закон не е во состојба да направи ништо совршено. Наместо тоа, ни се дава многу подобра надеж, што може да не приближи до Бог.

20. Бог се заколна дека Христос засекогаш ќе биде Свештеник, а таква заклетва од страна на Бог немаше при назначувањето на ниту еден друг свештеник.

21. Само Исус стана Свештеник со Божја заклетва, кога Бог рече: „Јас, Господ, ти се заколнувам и никогаш нема да се премислам: ,Ти вечно ќе бидеш Свештеник!‘“

22. Тоа значи дека заради Божјата заклетва Исус ни гарантира подобар Завет со Бог!

Евреите 7