Евреите 3:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Свети мои браќа, припадници на небесната покана: погледнете Го Исуса, Кого Бог Го испрати и Го назначи како Првосвештеник на нашата вера!

2. Тој Му беше верен на Бог, Кој Го постави, исто како што Мојсеј верно служеше и му беше доверен целиот Божји дом.

3. Но Исус заслужува поголема слава од Мојсеј, исто како што градителот заслужува поголема почит од градбата.

Евреите 3