Евреите 2:10-14 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

10. И навистина, Бог, Кој е Творец на се и Кому Му припаѓа се, постапи соодветно, кога преку страдања Го издигна Исуса во совршен водач, зашто Исус на многу Божји чеда им донесе спасение и слава.

11. Сега и Исус, и оние што ги освети, имаат еден ист небесен Татко. Затоа Исус не се срами да ги нарече браќа,

12. кога на Бог Му се обраќа со следниве зборови: „Твоето име меѓу браќата ќе Го проповедам, и сред собранието ќе Те прославувам!“

13. А го рече и следното: „Во Бога ќе ја положам Својата доверба.“ И потоа: „Еве Ме заедно со чедата што Ми ги даде Бог!“

14. Бидејќи „чедата“ - како што Тој ги нарече - се луѓе од крв и месо, и самиот Исус стана како нив, со цел преку Својата смрт да го уништи Ѓаволот, кој ја има власта над смртта,

Евреите 2