Евреите 13:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Одржувајте го братољубието меѓу вас.

2. Не пропуштајте да бидете гостољубиви, зашто некои луѓе така имаат угостено ангели, без да го знаат тоа.

3. Сеќавајте се на затворените, како да сте со нив во окови, не заборавајте ги страдалниците, како да сте и вие дел од нивното тело.

4. Бракот треба да се почитува од сите. Мажот и жената да ја чуваат својата интимност без неверства, зашто на блудниците и прељубниците ќе им суди Бог!

5. Во вашите постапки не бидете алчни за пари. Бидете задоволни со тоа што го имате. Господ ни ветува: „Нема да ве оставам, нема да ве напуштам!“

6. Затоа храбро можеме да кажеме: „Јас не страхувам, зашто Господ е со мене; што може да ми направи човекот?“ Повик на следење добар пример

Евреите 13