Евреите 10:4-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

4. Тоа е поради тоа што крвта од бикови и јарци не може да ги исчисти гревовите.

5. Затоа, кога Христос дојде на овој свет, Му рече на Бог: „Ти не посака животински жртви ни приноси од жито, туку Ми даде тело, за да ти се покорувам.

6. Не, Ти не се задоволуваш со жртви паленици и со приноси за грев!

7. Тогаш реков: ,Еве Ме Боже, доаѓам да ја извршам Твојата волја, како што е претскажано за Мене во Светото Писмо.‘“

8. Значи, Христос прво рече: „Ти, Боже, не посака и не ти беа угодни ни животински жртви ни приноси од жито, ни животни спалени на жртвеник, ни жртви за искупување од грев“, иако според Мојсеевиот Закон тие беа неопходни.

Евреите 10