6. Работете чесно, не само кога ве гледаат, и не за да ја добиете нивната наклоност, туку како робови на Христос кои од се срце ја исполнуваат Божјата волја.
7. Ревносно исполнувајте ги вашите должности, правејќи го тоа како за Господ, а не како за луѓето,
8. зашто знаете дека секој што прави добро, било да е роб или слободен, ќе биде награден од Господ.
9. Истото важи и за вас, господари. Однесувајте се спрема вашите робови според истите принципи и немојте да им се заканувате, зашто знаете дека и тие и вие имате еден ист Господ на небото, кај Кого нема пристрасност!
10. На крајот ви порачувам да црпите сила од Господ и од Неговата огромна моќ.
11. Облечете го целосно Божјиот оклоп, за да можете да ги издржите подмолните напади на Ѓаволот.
12. Ние не се бориме против луѓето од крв и месо, туку против злите владетели и власти на невидливиот свет, против мрачните духовни сили што владеат со овој свет и против злите духови во небесните простори.