Ефесјаните 5:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Следете го Божјиот пример, бидејќи вие сте Негови омилени деца.

2. Вашите постапки нека бидат водени од љубовта, токму онака како што Христос, воден од љубов, го принесе Својот живот како жртва што Му е пријатна на Бог и има сладок мирис.

3. Вие сте свети Божји луѓе и меѓу вас не смее да има блуд, гнасотии и алчност.

Ефесјаните 5