Ефесјаните 4:21-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.

22. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.

23. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.

24. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.

25. Веќе не треба ни да помислите да лажете, туку да ја зборувате само вистината, бидејќи сме органи на едно исто тело.

26. „Не гневете се во толкава мера та да грешите!“ Гневот нека ви помине уште истиот ден!

27. Не оставајте простор Ѓаволот да дејствува!

28. Кој крадел, да не краде веќе; нека работи нешто чесно, нека заработува со своите раце, па да може да им дава и на оние што имаат потреба од помош.

29. Лоши зборови да не излегуваат од вашата уста! Зборувајте поучни работи, зборови од кои слушателите ќе имаат некаква полза.

Ефесјаните 4