Ефесјаните 4:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

21. Слушнавте за Него и научивте дека вистината произлегува од Исус.

22. Затоа, отфрлете ја вашата стара природа и поранешниот начин на живеење, таа стара природа, докрај расипана, полна со похот и измама.

23. Сега сте духовно препородени, со нов начин на размислување.

24. Однесувајте се како нови луѓе, создадени да бидете слични на Бог: праведни, свети и искрени.

Ефесјаните 4