1. Затоа ве молам, јас кој сум затвореник поради тоа што проповедам за Господ, да живеете живот достоен за луѓе што се повикани, одбрани од Бог.
2. Да бидете понизни, кротки и трпеливи. Да се толерирате меѓусебно и да се сакате.
3. Трудете се да ги зачувате единството, меѓусебната поврзаност и мирот што ви ги дава Светиот Дух.
4. Сите ние сме дел од едно исто тело, сите го имаме истиот Божји Дух, и кога бевте одбрани да бидете Божји народ, вам ви беше дадена една иста надеж.
5. Постои само еден Господ, само една вера, само едно крштавање.