Ефесјаните 3:13-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

13. Затоа ве молам да не се обесхрабрувате поради страдањата низ кои сега јас минувам. Тие ќе бидат за ваша полза, за ваша слава.

14. Кога само ќе помислам на Божјата мудрост и на Неговиот план, на колена паѓам пред небесниот Татко,

15. Создателот на секој род, и на небото и на Земјата.

16. Го молам Бога, од Својата огромна слава, преку Неговиот дух, да ви даде внатрешна сила, за да бидете непоколебливи.

17. Христос, преку вера, да се всели во вашите срца. Да пуштите корени и цврсто да се закрепите во Божјата љубов,

Ефесјаните 3