Дела Ап. 7:52-57 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

52. Посочете ми еден пророк што не беше прогонуван од вашите предци! Тие ги убија пророците што го претскажаа доаѓањето на Праведникот, на Месијата, а кога Тој дојде, вие се свртевте против Него, Го предадовте и Го убивте.

53. Ангели ви го пренесоа Божјиот Закон и пак не го почитувате!“

54. Кога еврејските верски и национални водачи го слушнаа ова, зовреа од бес и почнаа да крцкаат со забите против Стефан.

55. А тој, исполнет со Светиот Дух, и со вперен поглед кон небото каде што ја виде Божјата слава, и Го виде Исуса како стои од десната страна на Бог,

56. рече: „Погледнете, ги гледам небесата отворени и Синот Човечки како стои од десната страна на Бог!“

57. Тогаш Евреите си ги затнаа ушите, и со силна викотница се нафрлија врз Стефан.

Дела Ап. 7