Дела Ап. 3:1-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Еден ден, Петар и Јован се упатија кон храмот. Беше три часот попладне - време за молитва.

2. Токму тогаш донесоа еден човек, сакат во нозете од раѓање, што секојдневно го носеа и го оставаа пред познатата ?Красна порта‘, за да проси милостина од луѓето што доаѓаа во храмот.

3. Кога виде дека Петар и Јован ќе влегуваат во храмот, запроси да му дадат нешто.

4. Петар и Јован го погледнаа и му рекоа: „Погледни не!“

Дела Ап. 3