Дела Ап. 27:37-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

37. На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.

38. Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.

39. Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.

40. Ги одврзаа котвите и ги спуштија во морето. Ги разлабавија јажињата на кормилата, го кренаа предното платно спроти ветрот и се упатија накај брегот.

41. Но бродот удри во гребен меѓу две морски струи и предницата на бродот заринка, па не можеше да се помрдне, а задниот дел почна да напукува од ударите на брановите.

Дела Ап. 27