Дела Ап. 27:35-39 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

35. Кога им го рече ова, самиот зеде леб, Му заблагодари на Бог пред сите, и почна да крши од лебот и да јаде.

36. Тогаш сите луѓе се охрабрија и почнаа да јадат.

37. На бродот имаше двесте седумдесет и шест души.

38. Откако се најадоа, го исфрлија житото в море, за да го олеснат бродот.

39. Кога се раздени, морнарите видоа копно, но не можеа да препознаат за која земја се работи. Забележаа залив со достапен брег и решија да се обидат со бродот да пријдат кон брегот.

Дела Ап. 27