16. Кога поминавме во завет на едно островче наречено Кавда, одвај успеавме да го зачуваме чамецот за спасување, кој беше трескан од брановите.
17. Морнарите го качија горе и го врзаа со јажиња за бродот. Постоеше опасност да заринкаме на песочните наноси кај Сирт, па затоа ја спуштија котвата и го оставија бродот слободно да плови.
18. Следниот ден бурата толку силно не фрлаше наваму-натаму што морнарите почнаа да го исфрлаат товарот в море.
19. На третиот ден ја исфрлија и опремата на бродот, а и се што им дојде под раце.
20. Веќе долго време не се појавуваа ни сонцето, ниту ѕвездите, а бурата продолжуваше да беснее, така што конечно изгубивме секаква надеж дека ќе се спасиме.
21. Луѓето веќе долго време немаа апетит и не јадеа. Тогаш стана Павле и им рече: „Требаше да ме послушате и да не испловите од Крит. Така ќе се поштедевте од овие неволи и загуби.
22. Сега ве советувам да се држите храбро, зашто никој од вас нема да загине. Ќе биде уништен само бродот.