Дела Ап. 26:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

26. Царот Агрипа добро ги познава овие работи и затоа јас толку слободно зборувам пред него. Уверен сум дека ништо од сево ова не му е непознато, бидејќи ова не се одигруваше во некое зафрлено ќоше!

27. Верувате ли, царе Агрипа, во она што го пишале пророците? Знам дека верувате!“

28. Агрипа му одговори: „За малку и мене ќе ме убедиш да станам христијанин!“

29. На тоа Павле му рече: „Му се молам на Бог, за малку или за многу не само Вие, туку и сите што денес ме слушате да станете такви луѓе каков што сум јас, но без окови!“

Дела Ап. 26