Дела Ап. 24:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. По пет дена дојде Првосвештеникот Ананија со неколку старешини и со еден адвокат по име Тертул, кој го изнесе пред гувернерот обвинението против Павле.

2. Го повикаа Павле и Тертул почна да го изнесува обвинението: “Почитуван гувернеру! Под Вашето владеење ние, Евреите, живееме во мир и спокојство. Вашата далековидост доведе до многу реформи за овој народ.

3. За тоа секогаш и секаде Ви оддаваме признание, честити Феликсе, со голема благодарност.

Дела Ап. 24