Дела Ап. 23:5-8 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

5. Тогаш Павле им се извини: „Не знаев, браќа, дека тој е Првосвештеник, зашто во Светото Писмо пишува: ,Не зборувај лошо за водачот на својот сопствен народ!‘“

6. Кога Павле забележа дека дел од членовите на собранието се садукеи, а дел се фарисеи, гласно рече: „Браќа, јас сум фарисеј! Сите мои предци биле фарисеи! Овде ми се суди заради тоа што верувам дека ќе има воскресение од мртвите!“

7. Тоа предизвика расправија меѓу фарисеите и садукеите, па во собранието дојде до поделба.

8. Садукеите тврдеа дека нема ни воскресение, ни ангели, ни духови, а фарисеите веруваат во сето ова.

Дела Ап. 23