Дела Ап. 22:6-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

6. Додека се приближував до Дамаск, некаде околу пладне, околу мене ненадејно блесна силна светлина од небото.

7. Паднав наземи ничкум и чув глас како ми се обраќа: ,Савле, Савле, зошто Ме прогонуваш!?‘

8. ,Кој сте Вие, Господине?‘ - прашав јас. ,Јас сум Исус од Назарет - Оној што Го прогонуваш!‘

9. И оние што беа со мене ја виделе светлината, но гласот што ми проговори не го чуле.

10. Тогаш реков: ,Кажи ми што да правам, Господе?‘ ,Стани, оди во Дамаск и таму ќе ти биде кажано се што треба да правиш!‘ - ми одговори Господ.

11. Потоа оние што беа со мене ме водеа до Дамаск, зашто јас бев заслепен од силната светлина и воопшто не можев да гледам.

Дела Ап. 22