Дела Ап. 22:29-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

29. Војниците што требаше да го сослушуваат Павле веднаш се повлекоа, а се повлече и полковникот, исплашен што нареди римски граѓанин да биде врзан и камшикуван.

30. Следниот ден, сакајќи да дознае за што ќе го обвинат Евреите, полковникот го ослободи Павле од прангите и нареди да се соберат Првосвештениците и сите членови на еврејското собрание, па го доведе Павле и им го предаде на сослушување.

Дела Ап. 22