Дела Ап. 21:1-3 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

1. Откако во Милет се збогувавме со старешините на црквата од Ефес, испловивме накај островот Кос. Следниот ден стигнавме до Родос, а оттаму до Патара.

2. Најдовме брод што оди за сириската покраина Феникија, па се качивме и отпловивме.

3. Поминавме покрај Кипар, кој ни остана одлево, па продолживме да пловиме накај Сирија и пристигнавме во пристаништето Тир, каде што бродот требаше да го растовари товарот.

Дела Ап. 21